
Поради планирани зафати на електродистрибутивната мрежа, утре (10 јуни) без електрична енергија ќе останат повеќе населени места и делови од Тетово и околните општини.
Според објавениот распоред, прекини во снабдувањето со струја ќе има на следните локации:
- Тетово– дел од градот, објектите на улицата „29 Ноември“ позади Очното одделение, во периодот од10:00 до 13:00 часот;
- Желино– дел од селото, објектите во близина на индустриските капацитети на излезот од селото кон Групчин, од09:00 до 14:00 часот;
- Јегуновце– објектите кај „Нелина кафе“ и „Суни Парк“, од09:00 до 15:00 часот;
- Пршовце– дел од селото, од09:00 до 14:00 часот;
- Ново Село (Општина Желино)– дел од населеното место, од09:00 до 14:00 часот;
- Озормиште– дел од селото, од09:30 до 14:00 часот;
- Чифлик– дел од селото, од09:30 до 14:00 часот.
Од надлежните апелираат граѓаните навремено да ги планираат своите активности и да преземат мерки за заштита на електричните уреди за време на прекините. Доколку работите завршат порано од предвиденото, снабдувањето со електрична енергија ќе биде воспоставено и пред најавениот термин.

















