УТРО.мк

Проданоски: Засадени 6.000 садници даб на Маркови Кули

Проданоски: Засадени 6.000 садници даб на Маркови Кули
Vero

Во рамки на проектот за пошумување на споменикот на природата „Маркови Кули“, денеска беа засадени 6.000 садници на даб на локалитетот над новите градски гробишта на патот кон Трескавец.

Акцијата, која се реализираше по повод одбележувањето на Денот на пролетта, е финансирана од Бирото за регионален развој, а во неа учествуваа претставници на локалната самоуправа, јавните претпријатија, институции, ученици, како и голем број граѓани и волонтери.

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, истакна дека изборот на садниците е направен согласно стручните насоки со цел зачувување на автентичниот изглед на заштитеното подрачје.

„Ова е начинот на кој треба да се одбележува Денот на пролетта. Верувам дека ваквите акции ќе станат се почести и ќе придонесат за подобра животна средина“, нагласи Проданоски.

Заменик-директорот на ЈП „Македонски шуми“, Кире Михаилов, ја поздрави иницијативата, посочувајќи дека е особено значајно што во акцијата се вклучиле и најмладите.

Проектниот координатор Гоце Бојкоски упати апел до граѓаните да продолжат со организирање слични еколошки активности, при што Општината и ЈКП „Комуналец“ ќе обезбедат логистичка поддршка.

Како дел од проектот, Општина Прилеп обезбеди и нова опрема за пошумување, меѓу која трактор, 25 дупчалки за садење и дополнителен алат, кој во иднина ќе им биде достапен на сите заинтересирани граѓани.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран