УТРО.мк

Владата најави вонредни мерки против ценовните шокови на нафтата и горивата

Владата најави вонредни мерки против ценовните шокови на нафтата и горивата
Vero

Владата на Северна Македонија најавува дека ќе донесе вонредни мерки за ублажување на растот на цените на горивата, кои во последниот период се зголемуваат поради глобалните случувања, особено војната во Иран.


Според информациите, утре во 12 часот ќе се одржи владина седница на која ќе се разгледаат конкретни чекори за справување со ценовниот шок, со цел да се заштитат граѓаните од дополнителни поскапувања.


„Цените на светските нафтени берзи растат, што директно се одразува и на домашниот пазар. Иако горивата во земјава се меѓу поевтините во регионот, се очекува во понеделник дополнителен раст на цените на дизелот и бензините“, брифираат од Владата.


Според последната одлука на Регулаторната комисија за енергетика од 16 март, максималните малопродажни цени изнесуваат:
92 денари за дизел
86,5 денари за Еуросупер 95
88,5 денари за Еуросупер 98


И покрај растот, дел од нафтените компании од 18 март одлучија привремено да продаваат гориво поевтино, односно два дена под максимално дозволената цена утврдена од РКЕ.
Во изминатите две корекции на цените, дизелот поскапе за вкупно 21 денар по литар, додека бензините бележат зголемување од 12 денари по литар.


Во меѓувреме, и земјите од регионот преземаат мерки за ублажување на ценовните шокови. Црна Гора воведе ограничување на цените и намалување на акцизите – 50% за евродизел и 25% за бензините.


Во Србија, по седница на Советот за национална безбедност, претседателот Александар Вучиќ најави намалување на акцизите за нафтените деривати за 40 проценти.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран