УТРО.мк

Нов закон за природата на јавна расправа: Министерот најави широка дебата

Нов закон за природата на јавна расправа: Министерот најави широка дебата
Vero

Следниот месец ќе започне јавна расправа за новиот Закон за заштита на природата, најави министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа, кој ги повика сите релевантни чинители активно да се вклучат во процесот.
Според министерот, веднаш по објавувањето на нацрт-законот на платформата ЕНЕР, ќе биде отворен простор за сугестии и предлози, со цел да се донесе квалитетно и сеопфатно законско решение.


„Со новиот закон за природа, кој веќе следниот месец ќе биде ставен на јавна расправа, ќе ја зајакнеме заштитата и одржливото користење на природните вредности и биодиверзитетот“, порача Хоџа.
Тој нагласи дека новото законско решение треба да донесе поефикасни механизми за зачувување на екосистемите, вклучително и шумите, кои се меѓу најзначајните природни ресурси во државата.


Во процесот на јавна расправа се очекува да се вклучат институции, експерти и граѓански организации, со цел да се обезбеди поширок консензус и транспарентност во носењето на законот.
Инаку, потребата од нов закон беше нагласена и од еколошките организации, кои предупредија дека постојното законско решение има сериозни недостатоци и дека неговото одложување може дополнително да ја влоши состојбата со природата во земјата.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран