УТРО.мк

Таи Чи и медитација во Прилеп: Нов пристап за подобро здравје на трудниците

Таи Чи и медитација во Прилеп: Нов пристап за подобро здравје на трудниците
Vero

Во прилепската Општа болница „Борка Талески“, во рамки на Школата за трудници при гинеколошкото одделение, се одржа настан посветен на практикување на Таи Чи и медитација, со цел унапредување на здравјето и благосостојбата на идните мајки.


Настанот беше организиран по повод 21 март – Светскиот ден на Таи Чи, под мотото „Спокојни почетоци“, а во организацијата учествуваа УНФПА, Амбасадата на Народна Република Кина во Скопје и Македонската асоцијација на гинеколози и опстетичари, во соработка со прилепската болница.


Според надлежните, Школата за трудници функционира речиси една година и е бесплатна за сите учеснички. Во неа се одржуваат теоретски предавања и практични вежби еднаш неделно, а моментално во програмата учествуваат десет трудници кои ќе продолжат со практикување на Таи Чи.


Лекарите нагласуваат дека ваквите активности, заедно со јога и физикална терапија, придонесуваат за подобро физичко и ментално здравје на мајките, како и за полесна подготовка за породување.


Од кинеската амбасада истакнаа дека Таи Чи е симбол на хармонија меѓу телото и умот и дека повеќе од 400 милиони луѓе во светот ја практикуваат оваа древна техника.


Настанот има за цел не само промоција на здрави навики, туку и продлабочување на соработката меѓу Македонија и Кина, особено меѓу збратимените градови Прилеп и Дејанг.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран