УТРО.мк

Проданоски: Прилеп се гордее со младите шампиони – Лука Најдоски е инспирација за сите генерации

Проданоски: Прилеп се гордее со младите шампиони – Лука Најдоски е инспирација за сите генерации
Vero

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, упати јавна честитка до шеснаесетгодишниот Лука Најдоски, актуелен светски јуниорски шампион во воздухопловно моделарство, нагласувајќи дека неговиот успех е гордост не само за Прилеп, туку и за државата.

Лука Најдоски, член на воздухопловниот клуб „Фил Феникс“, го освои првото место на Светскиот куп во категоријата Ф1А – едрилици, во силна јуниорска конкуренција од целиот свет. Дополнително, тој се наоѓа и на 13. место на светската сениорска ранг-листа за 2025 година, што, според Проданоски, е редок и исклучителен спортски успех за толку млад спортист.

Проданоски истакна дека Најдоски моментално се школува во Воздухопловната академија во Белград, на смер за авиотехничари, дефицитарна и значајна професија, и дека неговата посветеност и визија за иднина во воздухопловството се пример за младите.

Посебни честитки беа упатени и до братот на Лука, Дино Најдоски, кој исто така е активен и успешен во воздухопловното моделарство, како дел од спортска семејна приказна што го промовира Прилеп на меѓународно ниво.

Градоначалникот најави дека Прилеп ова лето ќе биде домаќин на Светското јуниорско и Европското сениорско првенство во воздухопловно моделарство, кои ќе се одржат од 26 јули до 2 август на теренот во селото Веселчани, со учество на околу 45 репрезентации и над 450 натпреварувачи од целиот свет.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран