
Бојан Маричиќ ќе биде новиот претседател на Државната изборна комисија, додека актуелниот претседател Борис Кондарко ќе ја продолжи работата како член на Комисијата. Ова, според висок партиски функционер, е одлука на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, која попладнево била доставена до Собранието.
Истите извори наведуваат дека Филипче до последен момент ја одложувал конечната одлука, за на крај да пресече во корист на поранешниот вицепремиер за евроинтеграции, Бојан Маричиќ, кој треба да застане на чело на ДИК.
Во конкуренција за функцијата, како што се посочува, биле и поранешната заменик-министерка за правда Викторија Аврамовска-Мадиќ, Марија Митановска – сопруга на Примослав Димовски, како и поранешната пратеничка на СДСМ, Даниела Марковска. Со предложеното решение, Филипче сепак одлучил да му го продолжи мандатот на Борис Кондарко, но овојпат во својство на член на Комисијата.



























