
Раководството на Алијансата за Албанците, предводена од Арбен Таравари, едногласно одлучи да поднесе колективни оставки, објави ТВ21. Одлуката е донесена на последната седница на партијата и е мотивирана со цел организациско освежување и вклучување на нови кадри.
„Одлуката е донесена за спроведување длабоки и сеопфатни реформи кои ќе го зајакнат политичкиот профил и внатрешното функционирање на Алијансата за Албанците“, наведуваат од партијата, додавајќи дека оставките се и рефлексија на резултатите од локалните избори.
До одржувањето на Собранието и конгресот, управувањето со партијата ќе го извршува претседателот Арбен Таравари, а Собранието ќе ги констатира поднесените оставки.



























