
Годинава големи инвестиции во спортската училишна инфаструктура и со тоа Општина Битола ја потврдува својата цврста определба и заложба за подобрување на условите за функционирање на училиштата и во делот на спортските активности, негувајќи ја максимата „во здраво тело-здрав дух“.
Во капиталните расходи на Развојната програма, обезбедени се средства со што Општина Битола продолжува со визијата за подобри услови за учениците, поради што претстои комплетирање на проектите:
-Реконструкција на објектот на спортската сала во Бистрица.
Изградба на три типски училишни спортски сали во:
- ОУ „Стив Наумов“,
- подрачното училиште „Даме Груев“ во Долно Оризари и
- централното ОУ „Тодор Ангелевски“ во населбата Ушици.
Исто така ќе започне и изградбата на спортски игралишта во училиштата:
- „Гоце Делчев“,
- „Даме Груев“,
- „Коле Канински“ – населба „Буковски ливади“,
- подрачното училиште „Тодор Ангелевски“ во населбата „Горно Оризари“,
- во поранешното турско училиште во ОУ „Гоце Делчев“,
- во ОУ „Тодор Ангелевски“ во населбата Ушици.
Предвидена е и реконструкција на спортските игралишта во основните училишта:
- „Климент Охридски“,
- „Трифун Пановски“,-„Ѓорги Сугарев“ и
- во населбата „Стрелиште“.



























