УТРО.мк

Пожарот во Тетово се шири кон Шар Планина, интервенираат пожарникари и полициски хеликоптер

Пожарот во Тетово се шири кон Шар Планина, интервенираат пожарникари и полициски хеликоптер
Vero

Нов пожар во Тетовско денеска се шири кон Шар Планина, при што поради силниот ветер огнената линија брзо напредува кон планината. Станува збор за еден од двата поголеми активни пожари на отворен простор за кои денеска информираше директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

Пожарот е регистриран во близина на православните гробишта во Тетовско, а поради ветерот огнот се движи во правец на Шар Планина.

На терен се тетовските пожарникари, а во гаснењето е вклучен и полициски хеликоптер, кој во неколку наврати повеќе од еден час интервенира од воздух со цел да се стави пожарот под контрола.

Состојбата дополнително ја отежнуваат временските услови, особено ветерот, кој придонесува за брзо ширење на огнот. Засега нема информации за загрозени објекти или населени места.

Ангелов информираше дека во текот на вчерашниот ден во земјава биле регистрирани повеќе од 30 пожари на отворен простор, од кои најголем дел биле локализирани или ставени под контрола.

Надлежните апелираат до граѓаните на максимална внимателност и доколку забележат пожар или сомнително движење веднаш да го пријават на бројот 112.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin