УТРО.мк

Пожар кај Желино – Прв шумски оган за денеска

Пожар кај Желино –  Прв шумски оган за денеска
Vero

Попладнево избувна пожар во тетовското село Желино, информираше директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Ова е првиот активен шумски пожар за денеска, откако претходно беше соопштено дека сите пожари на територијата на државата се под контрола или целосно изгаснати.

Од видеоматеријалите кои кружат на социјалните мрежи се гледа дека пожарот зафаќа поширока површина, што отвора можност за ангажирање на воздушна поддршка доколку продолжи да се шири.

Детали за интервенцијата и евентуални закани за населението се очекуваат во текот на денот. Екипите за заштита и спасување се веќе на терен.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран