
Поради планирани прекини во електродистрибутивната мрежа, на 08.04.2026 година повеќе делови од Тетово ќе останат без електрична енергија во различни временски интервали.
Според најавите, прекините ќе започнат од 09:00 часот и ќе траат до 14:00 часот на повеќе локации во градот и околината.
Без струја ќе бидат делови од улицата „Штипска“, потегот од Затвор кон Теке, како и објекти на улицата „Вон Вардарска“ во близина на ресторанот „Ара“. Прекини се најавени и за дел од објектите кај медицинска пластика, под железничката станица во Тетово, како и во делови од населбата Вонвардарска.
Во истиот период, без електрична енергија ќе останат и делови од населбата Вонвардарска и објекти на патот кон село Брвеница, како и објекти на излезот од Тетово кон наплатната рампа за Гостивар.
Дополнително, од 10:00 до 12:30 часот прекини ќе има во делови од градот, вклучително и потегот од Теке кон Мала Речица, како и во дел од Мала Речица кај сточниот пазар.
Граѓаните се повикуваат навреме да ги прилагодат своите обврски согласно најавените прекини.























