УТРО.мк

Падна првиот снег во Македонија – Ова е среќната планина

Падна првиот снег во Македонија – Ова е среќната планина
Vero

Првиот официјален ден од есента донесе и први снежни наноси на највисоките планински предели во земјава.

На Пелистер, највисокиот врв на Баба Планина, денеска се забележани првите снежни наноси за оваа сезона. Фотографии од побелените делови на планината беа објавени на Фејсбук-страницата на Националниот парк „Пелистер“.

Есента календарски започна ноќеска во 2:05 часот и ќе трае до 21 декември, кога во 14:50 часот официјално започнува зимата.

Според метеоролошките прогнози, во наредните денови времето ќе биде претежно ведро, но постудено. Во петок попладне и во текот на ноќта кон сабота, под влијание на циклонска активност, се очекуваат врнежи од дожд, кои на места може да бидат пообилни.

По овој период следува стабилизација на времето, но со пониски утрински температури.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран