УТРО.мк

Голема полициска акција – Двајца уапсени, пронајдени стотици килограми канабис

Голема полициска акција – Двајца уапсени, пронајдени стотици килограми канабис
Vero

Полицијата откри нелегална плантажа со канабис во струмичкото село Секирник, при што се приведени две лица од Општина Ново Село и запленети растенија со вкупна тежина од околу 680 килограми.

Според информациите од МВР, станува збор за две лица на возраст од 34 и 30 години, кои се сомничат дека заеднички засадиле и одгледувале канабис со намера од растението да произведуваат марихуана.

Плантажата била лоцирана во скриен дел од парцелата во месноста „Матник“. Осомничените, според полицијата, откако обезбедиле семиња, ја обработиле почвата и во мај годинава ги засадиле растенијата.

Во рамки на полициската акција, спроведена по судска наредба, биле преземени повеќе службени дејствија и посебни истражни мерки, со техничка поддршка од полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Исток.

Од преземените активности биле обезбедени докази за поврзаноста на двајцата пријавени со одгледувањето на растенијата. Тие биле лишени од слобода и задржани во Полициската станица Струмица.

Од МВР информираат дека во службен разговор лицата признале дека ја подготвиле парцелата и ја засадиле со канабис со цел производство на марихуана.

При акцијата биле пронајдени повеќе растенија канабис со различна висина, со вкупна тежина од околу 680 килограми.

По целосното документирање на случајот и поднесената кривична пријава, двајцата приведени биле изведени пред судија на претходна постапка во Основниот суд во Струмица.

Напомена: Вотографијата е креирана со ВИ

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран