УТРО.мк

Поранешен припадник на ОВК приведен на „Блаце“ – се огласи по ослободувањето

Поранешен припадник на ОВК приведен на „Блаце“ – се огласи по ослободувањето
Vero

Сопственикот на косовската новинска агенција „КосоваПост“, Фадиљ Пушколи, бил приведен синоќа на граничниот премин „Блаце“, по што, по разговор и испрашување во полицијата, бил ослободен.

Пушколи, кој во минатото бил припадник на Ослободителната војска на Косово (ОВК), самиот преку објава на „Фејсбук“ информирал дека е приведен и побарал помош од косовските власти.

Според првичните информации објавени во дел од медиумите, приведувањето било поврзано со наводен налог и потерница издадени од Србија. Сепак, засега нема официјална потврда од македонските институции дека токму тоа била причината за неговото задржување.

По испрашувањето, Пушколи бил ослободен. Тој во својата објава ѝ се заблагодарил на македонската полиција за, како што навел, коректниот и професионален однос.

„По разговорот и испрашувањето, бев ослободен од полицијата на Северна Македонија. Сакам да ѝ се заблагодарам на полицијата на Северна Македонија, особено на полицајците Албанци, за коректноста, почитта и доброто однесување во текот на целата постапка“, напишал Пушколи.

Засега нема дополнителни официјални детали за причините поради кои Пушколи бил задржан на „Блаце“, ниту потврда дека против него постои активна потерница од српските власти.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin