УТРО.мк

Општина Прилеп: Темелно чистење на коритото на Градската река кај минорот

Општина Прилеп: Темелно чистење на коритото на Градската река кај минорот
Vero

Комуналните работници интензивно работат на темелно чистење на коритото на Градската река кај минорот, од отпадоци донесени со последните врнежи, но и од отпад што, како што информираат надлежните, е несовесно исфрлан од граѓани и деловни субјекти во зелените површини и самото корито на реката.


Од општината апелираат до граѓаните и сопствениците на бизниси кои гравитираат околу Градската река, отпадот да се собира и да се предава на комуналните работници, наместо да се фрла во реката и јавните зелени површини.


Во текот на само три дена, комуналните служби собрале вкупно 98 црни вреќи со отпад, што, според надлежните, укажува на потребата од подигнување на јавната свест и културата на живеење.
„Секој отпад има свое место. Во општината на речиси секој чекор е поставена соодветна комунална инфраструктура за одлагање отпад, потребни се само одговорност и грижа за заедничкиот простор“, порачуваат од надлежните служби.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран