УТРО.мк

Од навреда до молба за спас – Кире Михаилов со потресна приказна од пожарот во Софилар

Од навреда до молба за спас – Кире Михаилов со потресна приказна од пожарот во Софилар
Vero

Заменик-директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов, кој веќе со денови активно учествува во гаснењето на пожарите низ Македонија, сподели силна лична приказна од теренот, во која покажува како во ек на криза се менуваат и ставови и зборови.

Преку објава на социјалните мрежи, Михаилов раскажа за средбата со жена која, како што вели, редовно го критикувала онлајн и дури неодамна во еден негов видео запис го нарекла „циркузант“. Неколку часа подоцна, истата таа жена – опфатена од страв и загриженост за имотот во близина на пожарот во струмичкото село Софилар – лично го замолила за помош.

„Тетка во поодминати години, мој долгогодишен критичар на Фејсбук, дојде до мене во момент кога се приближивме до местото на пожарот. Ме фати за рака и рече: ‘Кире, те молам, одете тука, имаме и ние таму имот’“, раскажа Михаилов.

Иако, како што вели, не разбрал дали се работи за куќа, викендица или нешто друго, Михаилов нагласува дека веднаш реагирале и интервенирале на местото кое таа му го посочила.

„Не ја прекорив. Не ѝ спомнав ништо. Ја видов само срамот во нејзините очи – искрен и човечки. Потоа, секој си продолжи по својот пат“, напиша Михаилов.

Во истиот текст тој додава дека на терен во Софилар се уверил и во ефективноста на специјализираните возила – пинцгауери – за гасење пожари на тежок терен. Михаилов завршува со благодарност до сите пожарникари, волонтери и припадници на институциите кои несебично се борат со огнената стихија што ги пустоши шумите и заканува на животите низ цела земја.

„Одам да бидам рамо до рамо со сите оние кои жртвувајќи ги своите животи се борат со огнените јазици од пожарите кои некои координирано ни ги палат во Македонија“, порача Михаилов.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран