Денес, во Битола, се одржа првата Конститутивна седница на новиот Совет за развој на Пелагонискиот плански регион, на која учествуваа градоначалниците на деветте општини што го сочинуваат регионот. На оваа седница, која претставува значаен чекор во зајакнувањето на институционалната рамка за регионален развој, беа поставени темелите за координирано делување во насока на унапредување на Пелагонија во наредните четири години. На оваа Седница беше избран Претседател на Советот за развој на Пелагонискиот плански регион , Стевче Стевановски Градоначалник на општина Новаци, кој ќе го предводи советот во наредната година.

Учесниците ја нагласија важноста на заедничката стратешка визија и интегрираниот пристап кон развојните процеси, со посебен акцент на инфраструктурните проекти, економскиот раст, модернизацијата на јавните услуги и подобрувањето на условите за живот во сите општини од регионот. Беше истакнато дека само преку интензивирање на меѓуопштинската соработка и преку користење на заедничките потенцијали може да се креира долгорочен, одржлив и рамномерен регионален развој.

Градоначалниците ја изразија подготвеноста за координирани активности во привлекување инвестиции, подобрување на регионалната поврзаност и имплементација на проекти со поддршка од национални и меѓународни фондови. Притоа се потенцираше важноста на транспарентноста, стручноста и инклузивниот пристап во процесите на планирање.
Со оваа конститутивна седница започнува нов циклус на регионална соработка од кој се очекува да донесе конкретни резултати и унапредување на севкупниот развоен потенцијал на Пелагонискиот плански регион. Преку заедничко водење политики и обединети напори, општините ќе продолжат да работат во интерес на граѓаните и на создавање посилна, поконкурентна и поврзана Пелагонија.























