УТРО.мк

Николовски: Заштитата на Охридското Езеро и Црн Дрим е врвен приоритет за Владата

Николовски: Заштитата на Охридското Езеро и Црн Дрим е врвен приоритет за Владата
Vero

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николовски истакна дека заштитата на Охридското Езеро и басенот на реката Црн Дрим останува еден од врвните приоритети на Владата. Тој нагласи дека водата и водните ресурси се од суштинско значење и претставуваат природно богатство кое директно влијае врз квалитетот на животот и одржливоста на идните генерации.

Николовски посочи дека Владата останува целосно посветена на подобрувањето на управувањето и заштитата на водните ресурси, следејќи ги принципите на одржлив развој, економски раст и зачувување на природните богатства. Дополнително, тој истакна дека сите активности се спроведуваат во насока на усогласување со европските директиви и стандарди.

„Чистата вода е цивилизациска вредност и мора да ја чуваме“, порача Николовски, додавајќи дека Охридското Езеро, како едно од најстарите и најзначајните езера во Европа, има посебна природна и културна важност која мора да се штити со највисок степен на одговорност.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран