УТРО.мк

Започна чистењето на езерото Младост како дел од проектот за негова ревитализација

Започна чистењето на езерото Младост како дел од проектот за негова ревитализација
Vero

Неделава започна механичкото чистење на брегот на езерото Младост од тиња и сува трска, активност што е дел од мерките за негово ревитализирање. Работите ги изведува механизација од АД „Водостопанство“, согласно препораките на Хидробиолошкиот завод од Охрид за обнова на водата.

„Се отстрануваат наслагите од крајбрежјето со механичка опрема, која ќе се користи до завршување на работите. Активностите се одвиваат фазно – до крајот на годинава чистиме од страната на Отовичка, а во јануари, доколку временските услови дозволуваат, ќе преминеме на другата страна. Наслагите ќе се чистат сè до песок, а оние кои пловат по површината ќе се вшмукуваат“, изјави Ване Маневски, директор на ЈПВ „Лисиче“, кој е концесионер со водата од езерото.

Маневски, кој го координра проектот за ревитализација по назначување од Владата, потенцира дека активностите сега започнуваат поради долг процес на добивање на потребните документи. „Замолувам за трпение. Езерото е на сите, а се надеваме дека до крајот на следната година ќе се види резултат задоволителен за јавноста“, додаде тој.

Во меѓувреме е распишан јавен повик за хидрогеолошки истражувања за изведба на бушотини по должина на пресушената Отовичка река, кои би започнале до крајот на годината. Ова ќе овозможи дотур на свежа вода од средината на јануари. Во тек е и проект за санација на темелниот испуст на браната.

Во моментот се чистат сувата трска и исушените дрвја кои се во водата. Надлежните уверуваат дека нема да се повтори еко-хаваријата од мај 2011 година, кога чистењето на езерото тогаш заврши со негативни последици поради мреста на рибата.

Владата за ревитализација на езерото Младост издвои 10 милиони денари, кои се наменети за бушотини за дотур на вода, чистење на површината и промена на вентилот на браната.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран