На 25.11.2025 во 01:30 часот при преземање на мерки и активности од страна на полициски службеници од ОВР Гостивар во угостителски објект во с.Добридол, гостиварско, биле затекнати 13 женски лица, од кои девет државјанки на Колумбија и четири македонски државјанки. Поради злоупотреба на туристичкиот престој, странските државјанки П.Ц.Д.М. (32), Д.Ј.Ј.Р. (28), Х.М.М.Л. (23), О.К.Е.(34), З.М.А.М. (24), Х.Б.К.В.(20), Ј.Н.В. (26), Л.С.Ј.Р. (26), П.М.М.М. (32), сите од Колумбија се приведени, против нив се поднесени пријави, а од страна на Основен суд Гостивар им е одредена мерка забрана за влез во РСМ во времетраење од една година и парична казна.
Во гостиварско лишени од слобода девет државјанки на Колумбија поради злоупотреба на туристичкиот престој, поднесени соодветни пријави



Поврзани написи

Република
Лишени од слобода криумчари од Египет и Сирија, пронајдени десет мигранти од Кина

Република
Одредена мерка притвор и поднесени пријави за малолетници од Охрид за сторени кривични дела „силување“ и „уцена“ врз малолетничка

Република


















