УТРО.мк

Лишен од слобода возач од Битола, возел со двојно поголема брзина од дозволената

Лишен од слобода возач од Битола, возел со двојно поголема брзина од дозволената
Vero

На 25.11.2025 во 11:45 часот, на експресниот пат Градско- Прилеп, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиja од слобода З.Б.(43) од Битола. При контрола на патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале дека управувал патничко возило „ауди“ со битолски регистарски ознаки со брзина од 151 километар на час на место каде максимално дозволената брзина е ограничена на 80 километри на час.

Тој бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран