На 26.11.2025 во 00:14 часот во Валандово, полициски службеници од СВР Струмица- ОВР Валандово го лишија од слобода С.К.(62) од село Фурка, гевгелиско.
При сообраќајна контрола било запрено патничко возило „форд“ со гевгелиски регистарски ознаки, кое го управувал С.К., а од извршената контрола со дрегер било утврдено дека возилото го управувал под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,90 промили алкохол во крвта.
На 26.11.2025 во 00:47 часот на ул. „Карпошева“ во Свети Николе, полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишија од слобода Р.Ј.(28) од Пробиштип. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фиат“ со пробиштипски регистарски ознаки, кое го управувал пријавениот и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,73 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на настаните ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.























