
БИТОЛА – ЈКП Водовод информира дека на 07.05.2026 година (четврток), поради изведба на реконструкција на водоводна линија на улица „210-та“, со прекинато водоснабдување ќе останат корисниците на улица „Лавчански пат“.
Прекинот ќе го опфати потегот од црквата „Св. Благовештение“ кон селото Лавци, а ќе започне од 09:00 часот и ќе трае сè до завршување на работните активности.
Од претпријатието апелираат до граѓаните за разбирање и трпение додека трае интервенцијата.
















