УТРО.мк

Тетово: Нелегални приклучоци и еколошки хаос – што пронајдоа инспекторите денес?

Тетово: Нелегални приклучоци и еколошки хаос – што пронајдоа инспекторите денес?
Vero

Вчера беше најавено, а денес екипите излегоа на терен за поставување на водомери и изрекување строги казни за кражба на вода и нелегални приклучоци во канализацијата.

Јавното комунално претпријатие „Шари“ ја информира јавноста дека започна широка акција на терен за поставување на 1.000 дигитални водомери кај најголемите потрошувачи на вода. Нашата цел останува јасна: да обезбедиме вода за пиење за секој граѓанин и да го санкционираме секој злоупотребувач. Нашите екипи работат на поставување на нови водомери во сите бизниси кои ја користат водата за деловни цели. Главна цел на оваа акција се трговските центри, рестораните, автопералните и различни фабрики.

При денешните инспекции, нашите екипи заедно со Општинскиот инспекторат констатираа шокантна состојба во еден од трговските центри во градот. Покрај неправилностите во мерењето, откриен е целосно нелегален приклучок на водоводната мрежа, со што се заобиколуваат сите системи за контрола и фактурирање. Исто така, утврдено е дека фекалната канализација била приклучена на атмосферската мрежа, што предизвикува сериозна еколошка опасност за нашиот град. Сите докази се прибрани и ќе бидат преземени ригорозни законски мерки.

Нашите екипи ќе продолжат со активности на терен и во наредните денови за проверка на сите приклучоци. Ги повикуваме сите граѓани и бизниси да поднесат барање за легален приклучок на водоводната мрежа. За секој нелегален приклучок што ќе биде констатиран, ќе следуваат строги законски санкции.

Нашата порака е едноставна: Плати ја водата за да ја имаш.
Тетово има доволно вода, но мора да ја заштитиме од злоупотреби.

MegaWin
MegaWin
Green Machines

Сподели го овој напис

MegaWin
MegaWin
Филигран