УТРО.мк

Интензивни полициски контроли: санкционирани девет возачи за сериозни сообраќајни прекршоци

Интензивни полициски контроли: санкционирани девет возачи за сериозни сообраќајни прекршоци
Vero

Лишени од слобода девет возачи за безобѕирно управување возило, седум возеле без дозвола, еден под дејство на алкохол и еден со активна забрана под дејство на алкохол

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода девет возачи за безобѕирно управување возило, од кои седум возеле без дозвола, еден под дејство на алкохол и еден со активна забрана под дејство на алкохол.

Двајца возачи во Скопје и по еден во тетовско, Куманово, Гевгелија, Прилеп и Валандово управувале возило без возачка дозвола. Еден возач во Валандово управувал возило со под дејство на алкохол и еден возач во Свети Николе управувал возило со активна забрана и под дејстов на алкохол. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

MegaWin
MegaWin
Green Machines

Сподели го овој напис

MegaWin
MegaWin
Филигран