УТРО.мк

Утре без струја Пирок, Брвеница, Тетово и Боговиње – еве во колку часо

Утре без струја Пирок, Брвеница, Тетово и Боговиње – еве во колку часо
Vero

Поради планирани активности на електродистрибутивната мрежа, утре, 7 мај 2026 година (четврток), повеќе населени места во тетовскиот регион ќе останат без напојување со електрична енергија.

Според распоредот, прекините ќе се реализираат во следните термини и локации:

  • с. Пирок– од 09:00 до 14:00 часот. Без струја ќе бидат дел од објектите на влезот во селото од автопат, како и делот кај основното училиште.
  • с. Брвеница– од 09:00 до 15:00 часот. Прекинот ќе го зафати делот од селото на влез од град.
  • Тетово– од 09:30 до 13:00 часот. Без напојување ќе бидат објектите на Интерпромет кај Нова стоковна куќа.
  • с. Боговиње– од 09:30 до 14:30 часот. Ќе бидат опфатени објектите на патот за с. Пирок кај фаст фуд „Тими“.

Од надлежните апелираат до граѓаните и компаниите од овие подрачја навреме да ги прилагодат своите активности и да ги исклучат електричните уреди за да се избегнат можни оштетувања при повторното вклучување на струјата.

MegaWin
MegaWin
Green Machines

Сподели го овој напис

MegaWin
MegaWin
Филигран