УТРО.мк

Иран тврди дека оштетил 228 американски воени објекти на Блискиот Исток

Иран тврди дека оштетил 228 американски воени објекти на Блискиот Исток
Vero

Иранските воздушни напади оштетиле или уништиле најмалку 228 објекти и парчиња воена опрема на американската армија на повеќе локации на Блискиот Исток од почетокот на војната, објави „Вашингтон пост“.

Според извештајот, станува збор за хангари, касарни, складишта за гориво, авиони, како и клучна радарска, комуникациска и противвоздушна опрема. Се наведува дека обемот на штетата е значително поголем од она што американските власти досега јавно го признале.

Поради заканата од воздушни напади, дел од американските бази во регионот, како што се посочува, станале премногу ризични за нормално функционирање, поради што командата повлекла дел од персоналот надвор од дометот на иранските напади.

Од почетокот на конфликтот на 28 февруари, според американската војска, загинале седум припадници на американските сили во напади врз објекти во регионот, а над 400 војници биле повредени до крајот на април. Дел од повредените брзо се вратиле на должност, додека најмалку 12 лица се сериозно повредени.

Во извештајот се наведува и дека пристапот до сателитски снимки од регионот е отежнат, откако големите комерцијални провајдери ги ограничиле или одложиле објавите на барање на американските власти. Истовремено, иранските државни медиуми редовно објавуваат снимки за кои тврдат дека ја прикажуваат штетата врз американските позиции.

MegaWin
MegaWin
Green Machines

Сподели го овој напис

MegaWin
MegaWin
Филигран