УТРО.мк

Мелони реагираше на виралните лажни фотографии од неа генерирани со ВИ

Мелони реагираше на виралните лажни фотографии од неа генерирани со ВИ
Vero

Италијанската премиерка Џорџа Мелони остро реагираше на појавата и масовното ширење на лажни фотографии создадени со вештачка интелигенција, меѓу кои и слика која ја прикажува во компромитирачка ситуација, објавена онлајн и брзо проширена на социјалните мрежи.

Случајот повторно ја отвори дебатата за опасностите од deepfake технологијата, откако дел од корисниците на интернет поверуваа дека фотографиите се автентични. Мелони реагираше преку објава на Facebook, во која не го криеше своето незадоволство, но истовремено се обиде да ја насочи темата кон поширокиот проблем.

Таа истакна дека во последните денови циркулирале повеќе манипулирани фотографии создадени со вештачка интелигенција, кои, како што напиша, биле користени со цел да ја дискредитираат. Во обраќањето со доза иронија забележа дека дури и во тие лажни прикази „изгледала подобро отколку во реалноста“, но брзо премина на посериозниот тон, нагласувајќи дека станува збор за опасен тренд.

Според неа, проблемот не е личен, туку општествен, бидејќи технологијата за генерирање реалистични лажни содржини сè почесто се користи како оружје за манипулација, навредување и нарушување на угледот на поединци. Таа предупреди дека иако таа како јавна личност може да се справи со вакви напади, многу други луѓе се далеку поранливи.

Во својето обраќање, Мелони повика на поголема претпазливост при консумирање содржини на интернет, нагласувајќи дека корисниците треба да проверуваат информации пред да им поверуваат или да ги споделат. Според неа, денешните дигитални измами лесно можат да се претворат во алатка за ширење дезинформации со сериозни последици.

Паралелно со овој случај, Италија веќе подолго време работи на заострување на регулативите поврзани со вештачката интелигенција. Земјата минатата година усвои закон кој меѓу првите во Европската Унија ја регулира оваа област, предвидувајќи и санкции за злоупотреба на технологијата, вклучително и креирање и дистрибуција на deepfake содржини.

Италијанските власти нагласуваат дека новата регулатива е усогласена со европските стандарди, но истовремено претставува обид за поцврста контрола врз ризиците што ги носи брзиот развој на вештачката интелигенција.

Контекстот на законските измени делумно е поврзан и со претходни скандали во земјата, кога на интернет се појавија манипулирани и сексуализирани фотографии од познати италијански жени, меѓу кои и политичари од врвот на власта и опозицијата. Овие содржини беа дистрибуирани на платформи со огромен број следбеници, што дополнително ја засили загриженоста за злоупотреба на дигитални алатки.

По реакцијата на институциите, дел од тие мрежи беа затворени, а истрагите продолжуваат за повеќе кривични дела поврзани со нелегална објава на експлицитна содржина, клевета и други форми на онлајн злоупотреба.

MegaWin
MegaWin
Green Machines

Сподели го овој напис

MegaWin
MegaWin
Филигран