УТРО.мк

Андоновски: Македонија меѓу првите во регионот ќе добие пристап до „роаминг како дома“ во ЕУ

Андоновски: Македонија меѓу првите во регионот ќе добие пристап до „роаминг како дома“ во ЕУ
Vero

Македонија би можела да се најде меѓу првите земји од регионот кои ќе добијат пристап до режимот „роаминг како дома“ во рамки на Европската Унија, најави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, изразувајќи оптимизам дека процесот за укинување на дополнителните трошоци за мобилни услуги ќе добие конкретен тек во наредниот период.

Според него, очекувањата се насочени кон претстојниот Самит ЕУ–Западен Балкан, кој треба да се одржи на почетокот на јуни во Подгорица, каде што, како што посочи, би можеле да се слушнат позитивни сигнали за старт на формални преговори за воведување на поволниот роаминг режим.

Андоновски појасни дека преговорите со Европската Унија ќе се водат одделно со секоја земја-кандидат и дека новиот модел предвидува склучување посебни договори, слични по карактер на Договорот за стабилизација и асоцијација. Тој нагласи дека земјата веќе има предност бидејќи ги исполнила клучните услови со усвојувањето на Законот за електронски комуникации.

„Тоа нè става во групата на држави кои најбрзо би можеле да ги започнат разговорите“, истакна министерот, додавајќи дека ваквиот развој претставува охрабрувачки сигнал за европската дигитална интеграција на земјата.

Изјавата Андоновски ја даде за време на учество на Третата регионална конференција на сметководители и овластени сметководители, каде меѓу другото се дискутираше и за дигиталните политики и регулативи во регионот.

MegaWin
MegaWin
Green Machines

Сподели го овој напис

MegaWin
MegaWin
Филигран