Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, денеска ја посети Општина Јегуновце, каде заедно со градоначалникот изврши увид во повеќе тековни инфраструктурни активности.

Во населеното место Вратница се гради нова детска градинка, а во Јегуновце е извршена темелна реконструкција на фудбалскиот стадион, со што е отворена и фудбалска академија за млади. Во населено место Сиричино се работи на изградба на современ парк, наменет за рекреација и дружење на жителите.

„Во периодот што следи, како што истакна и градоначалникот Димитар Костадиноски, ќе реализираме уште дополнителни проекти, финансирани и од буџетот на државата и од буџетот на општината. Очекувам овој градежен ‘бум’ да продолжи, со што ќе се подобрат условите за живот и ќе се подигне нивото и стандардот на граѓаните“, изјави премиерот Мицкоски.