УТРО.мк

„Мечо“ – малото вовче што ја освојува Битола со европски шмек

„Мечо“ – малото вовче што ја освојува Битола со европски шмек
Vero

Битола доби туристичка атракција – малото вовче „Мечо“, кое за кратко време стана омилено меѓу најмладите и симбол на европскиот шмек во градот.

По големиот интерес на првиот училиштен ден, ЈП „Паркинзи“ – Битола реши да им подари бесплатни возења на дечињата на 11 и 25 септември. Директорот на претпријатието, Зоран Михајловски, изјави дека „Мечо“ е типичен градски патен воз, кој е општински и има за цел да биде привлечен, сладок и забавен за граѓаните.

Цената за едно возење е 50 денари, но, според Михајловски, вистинската вредност е во емотивниот ефект и радоста што ја предизвикува кај децата и туристите.

Слични мали туристички возови постојат во многу европски градови – Париз, Прага, Салзбург и Фиренца – и претставуваат дел од туристичкото искуство. „Мечо“ ја збогатува понудата на Битола, овозможувајќи полесно разгледување на градот и намалување на сообраќајниот метеж.

Иако има сезонски карактер и не функционира во лоши временски услови, вовчето повторно се враќа секоја пролет, како и за време на „Зимската приказна“. Според Михајловски, оваа атракција ќе биде дополнително развивана со нови туристички пакети, културни содржини и забавни програми.

„Мечо“ веќе успеа да стане препознатлив симбол на Битола и вистинска радост за најмладите битолчани.

Извор: vecer.press

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран