На седница на Советот на Општина Битола, советниците на СДСМ и „Поинаку“ не дадоа поддршка за заклучоците со кои јасно се осудуваат дезинформациите поврзани со наводна изградба на мигрантски кампови во Битола.
Наташа Марковска, член на Советот на Општина Битола, посочи дека станува збор за лицемерен и недоследен пристап, имајќи предвид дека истите политички субјекти претходно иницирале собирање потписи и побарале свикување вонредна седница токму поради прашањето за мигрантите.
Според Марковска, во јавноста била кревана паника и страв кај граѓаните, прикажувајќи ја Битола како небезбеден град. Кога, пак, на дневен ред дошле заклучоците со кои јасно се наведува дека на територијата на општината нема, ниту е побарано, ниту ќе биде дозволено воспоставување мигрантски кампови или прифатни центри, советниците на СДСМ и „Поинаку“ не гласале за нивно усвојување.



























