УТРО.мк

Лишени од слобода возачи од Кавадарци и Гостивар затоа што управувале возила под дејство на алкохол

Лишени од слобода возачи од Кавадарци и Гостивар затоа што управувале возила под дејство на алкохол
Vero

На 03.09.2025 во 01:15 часот на улица „Љубашка“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода В.М.(41) од Кавадарци. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници констатирале дека управувал патничко возило „фолксваген пасат“ со кавадаречки регистарски ознаки под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,04 промили алкохол во крвта.

На 03.09.2025 во 00:30 часот на магистрален пат Гостивар-Тетово, кај Тумчевишка клучка, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар го лишиле од слобода С.С.(58) од Гостивар. При сообраќајна контрола, полициските службеници констатирале дека управувал возило „фиат“ со гостиварски регистарски таблички под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,04 промили алкохол во крвта.

Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случаите, против нив ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран