УТРО.мк

Лишен од слобода возач од Штип, управувал возило со брзина од 102 км на час на место каде што е дозволено 50 км на час

Лишен од слобода возач од Штип, управувал возило со брзина од 102 км на час на место каде што е дозволено 50 км на час
Vero

На 20.07.2025 во 13.55 часот на ул.„Железничка“ во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода И.Г.(21) од Штип. При контрола на патниот сообраќај, полициски службеници констатирале дека И.Г. управувал патничко возило „пасат“ со штипски регистарски ознаки со брзина од 102 километри на час, на место каде со сообраќаен знак брзината на движење е ограничена на 50 километри на час.

Лицето е приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297 – а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило”.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран