УТРО.мк

Лишен од слобода возач од Кавадарци, управувал возило со 217 км на час на место каде што брзината е ограничена на 120 км на час

Лишен од слобода возач од Кавадарци, управувал возило со 217 км на час на место каде што брзината е ограничена на 120 км на час
Vero

На 01.09.2025 во 21:55 часот на автопат „Пријателство“, кај село Прдејци, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишиле од слобода Д.Д.(25) од Кавадарци. При контрола со радар, полициски службеници констатирале дека Д.Д. управувал патничко возило „бмв“ со бугарски национални ознаки со брзина од 217 километри на час на место каде што максималната дозволена брзина е 120 километри на час. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран