Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска истакна дека отворената власт не е само принцип, туку практичен механизам преку кој институциите стануваат поблиски до граѓаните.

На состанокот за Партнерство за отворена власт, каде присуствуваа и премиерот Христијан Мицкоски, владини министри и претставници на меѓународни институции, беше нагласено дека транспарентноста, отчетноста и вклучувањето на јавноста се темелите за градење доверба во институциите и зајакнување на демократијата.
„Ова партнерство е јасен сигнал дека реформите, борбата против корупцијата и европската перспектива на државата се наш заеднички приоритет. Само преку отворени институции можеме да изградиме општество во кое граѓаните се навистина во центарот на политиките,“ изјави Димитриеска-Кочоска.

Таа потенцираше дека отворената власт е алатка за ефективна реализација на Програмата за работа на Владата 2024–2028, чиј главен фокус се граѓаните и нивната доверба во институциите.