УТРО.мк

Кривична пријава против поранешен директор на јавно претпријатие во Струмица за „злоупотреба на службената положба и овластување“

Кривична пријава против поранешен директор на јавно претпријатие во Струмица за „злоупотреба на службената положба и овластување“
Vero

СВР Струмица, до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против З.Г.(57) од Струмица поради постоење основи на сомнение дека во десет наврати сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Пријавениот, во својство на директор на Јавното претпријатие „Комуналец“ Струмица, на 04.08.2020 и 13.10.2021, без да биде направена соодветна анализа согласно Правилникот за плати и други надоместоци на плата на јавното претпријатие и спротивно на законската регулатива, донел решенија за додаток на плата, при што му биле исплаќани по 9.000 и по 6.000 денари месечно, додаток на плата, се до престанокот на неговиот мандат во 2024 година. На тој начин тој се стекнал со противправна имотна корист од 552.520 денари.

Исто така, во текот на септември и октомври 2021 година, пријавениот донел уште седум идентични решенија за седум други вработени лица во Јавното претпријатие и им биле исплаќани по 6.000 денари месечно до месец март 2022 година, со што се стекнале со противправна имотна корист од 276.000 денари. Додека, пак за едно вработено лице, пријавениот донел решение за додаток на плата заради прилагодување кон пазарот на трудот, за што биле исплаќани по 6.000 денари месечно се до месец март 2022 година и на тој начин се стекнало со противправна имотна корист од 36.000 денари.

Со таквите дејствија, пријавениот го оштетил буџетот на ЈПКД „Комуналец“ Струмица во вкупен износ од 864.520 денари.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран