УТРО.мк

Костадиноски: Започна изградбата на нова пешачка патека во Жилче

Костадиноски: Започна изградбата на нова пешачка патека во Жилче
Vero

Во населеното место Жилче започна реализацијата на проектот за изградба на нова пешачка патека долж регионалниот пат, соопшти градоначалникот на Општина Јегуновце, Димитар Костадиноски.

Според него, станува збор за значаен инфраструктурен зафат кој ќе придонесе за поголема безбедност на граѓаните, особено на пешаците и децата кои секојдневно се движат по оваа сообраќајница.

„Денес официјално започнуваме со реализација на уште едно важно ветување за нашите сограѓани. Започнаа градежните активности за изградба на нова пешачка патека долж регионалниот пат во населеното место Жилче“, истакна Костадиноски.

Проектот предвидува изградба на околу 800 метри уредена и безбедна пешачка зона, како и поставување ново улично осветлување со кандилабри по целата должина на патеката.

Од Општина Јегуновце посочуваат дека со поставувањето на новото осветлување ќе се подобри видливоста и безбедноста во вечерните часови, а проектот ќе овозможи побезбедно движење за сите учесници во сообраќајот.

Костадиноски нагласи дека локалната самоуправа ќе продолжи со инвестиции во сите населени места со цел создавање подобри и помодерни услови за живот на граѓаните.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin