УТРО.мк

„Улични Тероризери“ објавија снимки од мотоциклисти кои дивеат по скопските улици

„Улични Тероризери“ објавија снимки од мотоциклисти кои дивеат по скопските улици
Vero

Профилот „Улични Тероризери“ на социјалните мрежи објави нови снимки на кои се гледаат мотоциклисти кои возат на едно тркало и изведуваат опасни маневри низ улиците на Скопје.

Според објавите, станува збор за повеќе видеа од слично однесување во сообраќајот, кои веќе подолг период се споделуваат на профилот и предизвикуваат реакции кај јавноста.

Во најновата објава, „Улични Тероризери“ се повикуваат и на медиумски написи во кои граѓани бараат построга реакција од надлежните институции и санкционирање на ваквите возачи.

Снимките повторно ја актуализираа темата за безбедноста во сообраќајот, особено по најавите од Министерството за внатрешни работи дека ќе се преземат мерки против ризичното возење и прекршоци кои ги загрозуваат учесниците во сообраќајот.

Од МВР претходно беше најавено дека системот „Сејф Сити“ ќе се користи за детекција и санкционирање на прекршителите, вклучително и возачи кои со своето однесување ја загрозуваат безбедноста на улиците.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin