УТРО.мк

12 бугарски државјани приведени во Тетово – Полицијата со детали

12 бугарски државјани приведени во Тетово – Полицијата со детали
Vero

Полициски службеници од СВР Тетово вчера попладне лишиле од слобода 12 државјани на Република Бугарија, поради сомнение за прекршување на Законот за странци.

Според информациите од СВР Тетово, приведувањето се случило на 24 јуни 2026 година околу 15:15 часот, во објект во изградба на улица „Тодор Циповски Мерџан“ во Тетово, каде странските државјани работеле.

Станува збор за лица на возраст од 34 до 66 години, кои биле затекнати на локацијата при контрола на полициските службеници.

Приведените се спроведени во Полициската станица Тетово за понатамошна постапка, а против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави согласно Законот за странци, информираат од СВР Тетово.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin