УТРО.мк

Вака се сака Прилеп: За една недела никна еколошко острово пред зграда на „Васко Карангелески“

Вака се сака Прилеп: За една недела никна еколошко острово пред зграда на „Васко Карангелески“
Vero

Станарите од зградите на улицата „Васко Карангелески“ бр.125, кај касарната во Прилеп, со сопствена иницијатива и креативна идеја го разубавија просторот пред нивната зграда и овозможија организирано контејнерско собирање на отпадот.

Откако беа информирани дека отпадот повеќе нема да се одлага на досегашниот пункт пред мостот, кој со години претставуваше место за фрлање на секаков вид отпад од несовесни граѓани, станарите ја прифатија идејата за поставување посебни контејнери за мешан комунален отпад и за селекција на отпад.

Иако имало одреден револт кај дел од жителите од околните згради, станарите од оваа зграда се самоорганизирале и за помалку од една седмица создале уредено еколошко острово кое денес го краси платото пред нивниот влез.

Од ЈКП „Комуналец“ Прилеп упатија пофалби за нивната иницијатива, истакнувајќи дека ваквите примери покажуваат како со заедничка грижа и одговорност може да се создаде почиста и поубава животна средина.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin