УТРО.мк

Коњановски возеше по новите велосипедски патеки во Битола: За поеколошка иднина

Коњановски возеше по новите велосипедски патеки во Битола: За поеколошка иднина
Vero

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, вчера лично учествуваше во промотивно возење по новоизградениот велосипедски патеки, што ги поврзува клучните делови на градот. Во текот на возењето, тој разговараше со граѓански активисти, млади и искусни велосипедисти за важноста на одржливиот транспорт и создавање подобри услови за сите учесници во сообраќајот.

Коњановски најави и почеток на активности за уредување и чистење на целата должина на патеките, истакнувајќи дека безбедните и чисти велосипедски патеки се основа за зголемување на бројот на велосипедисти.

„Продолжуваме со конкретни чекори за поеколошка, поповрзана и подинамична Битола“, порача градоначалникот. Оваа иницијатива е дел од стратегијата на општината за промовирање на здрави и зелени начини на транспорт и подобрување на урбаната средина.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран