Голем пожар е активен над селото Марвинци во општина Гевгелија. Видеа споделени на социјалните мрежи покажуваат густ чад и пламени јазици кои брзо се шират по сувата вегетација. Засега нема информации за евакуирани жители, но пожарот предизвикува загриженост кај населението. Надлежните служби се на терен и се обидуваат да го стават под контрола.