УТРО.мк

Коњановски со средби во Битола: Секоја идеја од граѓаните е добредојдена

Коњановски со средби во Битола: Секоја идеја од граѓаните е добредојдена
Vero

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, денес оствари средби со жителите од урбаните заедници „Блаже Рогозинаро“, „Коле Канински“, „Борис Бастеро“ и „Александар Турунџев“.

Средбите се дел од кампањата „Предложи идеја“, преку која граѓаните имаат можност директно да ги изнесат своите предлози и иницијативи за идниот развој на општината.

„Битола ја градиме заедно со граѓаните – секој глас е важен, секоја идеја е добредојдена“, порача Коњановски.

Кампањата продолжува и во останатите урбани заедници, со цел, како што истакна градоначалникот, креирање политики и проекти во согласност со реалните потреби на жителите.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран