Од „ЕВН Македонија“ информираат дека на 2 септември 2025 година делови од тетовскиот регион ќе останат без електрична енергија поради планирани прекини.
Според најавата, од 09:00 до 14:00 часот без струја ќе бидат делови од селата Палатица и Озормишта, поточно објектите кои се наоѓаат кај новата џамија кон село Озормишта.
Исто така, прекин на електрична енергија е најавен и во селото Јажинце, каде жителите ќе бидат без струја во периодот од 09:39 до 14:00 часот.
Прекините се дел од редовните активности за одржување и унапредување на електродистрибутивната мрежа.