УТРО.мк

Коњановски најави нова спортска сала во Битола

Коњановски најави нова спортска сала во Битола
Vero

На свеченоста по повод 35 години од основањето на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Битола, градоначалникот Тони Коњановски и официјално беше промовиран како кандидат на партијата за уште еден мандат на локалните избори.

Во своето обраќање, Коњановски им се заблагодари на членовите, симпатизерите и особено на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за довербата и поддршката.

„Верувам во тимска работа, посветеност и визија. Заедно продолжуваме со проекти, со резултати, со љубов кон нашиот град“, истакна Коњановски пред присутните.

Градоначалникот направи преглед на сработеното во изминатите речиси четири години, истакнувајќи дека Битола напредува и се развива, без разлика на тоа дали некој тоа го прифаќа или не. Особено внимание привлече најавата дека Битола ќе добие нова спортска сала, за која, според него, веќе е подготвен нацрт-детален урбанистички план.

„Без разлика дали некому му се допаѓа или не, Битола ќе добие нов спортски комплекс. Очекувам новиот состав на Советот да даде поддршка за оваа важна инвестиција“, рече Коњановски.

На настанот се обрати и генералниот секретар на партијата, Ѓорѓија Сајкоски, кој ја истакна историската улога на ОК ВМРО-ДПМНЕ – Битола како симбол на непокор и посветеност.

„Со нова сила и со народот зад нас, продолжуваме да се бориме за подобра Македонија. Да го поддржиме Тони Коњановски на локалните избори“, порача Сајкоски.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран