УТРО.мк

Коњановски: Горд сум што Битола е домаќин на Интернационалниот фестивал на монодрама

Коњановски: Горд сум што Битола е домаќин на Интернационалниот фестивал на монодрама
Vero

Битола по 27 пат е домаќин на Интернационалниот фестивал на монодрама, кој годинава се одржува под мотото „Огледало на вистината“, потврдувајќи го значењето на градот како важен културен центар во регионот.

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, организираше прием за учесниците на фестивалот, на кој присуствуваа уметници од повеќе земји, меѓу кои Романија, Казахстан/Данска, Бугарија, Украина/Полска, Грузија, Египет, Италија, Ерменија и Македонија.

„Задоволство беше да се поразговара со нив, особено да ги слушнам нивните впечатоци од престојот во Битола и од програмата од која се дел на овој фестивал“, истакна Коњановски.

На средбата присуствуваше и директорот на Центарот за култура, Сашо Илковски, кој заедно со уметниците ја изрази благодарноста за гостопримството и континуираната поддршка што Општина Битола ја дава на овој значаен културен настан.

Фестивалот на монодрама и оваа година носи богата програма и меѓународно учество, зацврстувајќи ја позицијата на Битола како град на културата и уметноста.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран