УТРО.мк

Полицијата влезе во Голема Речица – ФБИ вклучени во случајот

Полицијата влезе во Голема Речица – ФБИ вклучени во случајот
Vero

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи, постапувајќи по првични информации добиени од ФБИ (Federal Bureau of Investigation), спроведе координирана истрага поврзана со нелегален онлајн пазар познат под името „OLVX“.

Според досегашните сознанија, платформата била активна од јули 2023 година и функционирала преку повеќе интернет домени, при што содржела база на компромитирани лични податоци користени за регистрација на кориснички сметки. Во системот биле евидентирани над 2.600 кориснички сметки и повеќе од 1.500 сметки на продавачи, а вкупниот обем на продажба се проценува на над 500.000 американски долари.

Во рамки на акцијата, а врз основа на судска наредба од Основен суд Тетово, извршен е претрес на локација во село Голема Речица, Општина Тетово, кај лицата А.Е. (20) и А.И. (23), македонски државјани, кои се осомничени дека биле администратори на платформата.

За време на претресот, осомничените биле затекнати на лице место, при што биле одземени десктоп компјутери, лаптопи и мобилни телефони. Одземените уреди ќе бидат предмет на форензичка анализа и ќе се користат како докази во понатамошната кривична постапка.

Лицата се лишени од слобода, а надлежните институции продолжуваат со активности за целосно расчистување на случајот, идентификација на сите инволвирани и обезбедување дополнителни докази, согласно законските процедури.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран