УТРО.мк

Завршена реконструкцијата на патот во село Јажинце, значително подобрена инфраструктурата во Јегуновце

Завршена реконструкцијата на патот во село Јажинце, значително подобрена инфраструктурата во Јегуновце
Vero

Завршена е реконструкцијата на општинскиот пат во село Јажинце, Општина Јегуновце, со што значително се подобрува безбедноста, издржливоста и функционалноста на локалната патна инфраструктура.

Со обновувањето на коловозната површина се овозможува подобра поврзаност на населеното место со околината, олеснет пристап до домовите и земјоделските површини, како и побезбедно и поефикасно секојдневно движење на жителите.

Инвестицијата во проектот изнесува 3.749.384 денари и претставува значаен придонес за развој на локалната инфраструктура, како и за унапредување на квалитетот на живот на граѓаните во ова подрачје.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран